Во италијанските медиуми еуфорично се најави трансферот на Давиде Фратези во Интер, а таквиот однос медиумите го критикуваше новинарот Карло Алвино.
Според Калвино, Фратези, по ниту еден основ не е подобар играч од Елмас, па дури и истакна дека десетмина како него прават еден Елмас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Калвино смета дека причината е затоа што тој игра во Наполи, како пример го посочи спортскиот директор Кристијано Џунтоли кој по осум години во Наполи се пресели во Јувентус.
„Фратези е претставен како шампион, но реалноста е дека технички десетмина Фратези прават еден Елмас. Проблемот е што Елмас нема такво внимание затоа што игра во Наполи и не се крева толку високо. Фратези и Елмас се млади, но Елмас и толку многу искуство зад себе во Наполи и репрезентацијата на Македонија.
„Зад себе Елмас има одлична сезона и тешко ми е да разберам зошто го сметаат за никој, а Фратези за шампион. Но, во Италија број еден спортски директор е Карневали (човекот од Милан), па затаоа е вака. Ако некој треба да собира почести тоа е Џунтоли, затоа што осум години работеше и никој глас не му слушна, но се што е околу Наполи има помала вредност. Сега отиде во Јувентус и значи дека повеќе вреди, за крај ќе повторам, по кој основа Фратези е подобар од Елмас?“, порача Алвино.