Со пристигнувањето на Виктор Линделоф, Ромелу Лукаку и Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед, португалскиот стратег, Жозе Мурињо стана првиот тренер во историјата кој ја преминал магичната граница и на засилувања потрошил преку милијарда фунти.
Англиски „The Sun“ пресметка дека во текот на 17-годишната тренерска кариера потрошил 1,1 милијарда фунти и со тоа зад себе ги остави Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако некогашниот тренер на Барселона и Баерн, беше најактивен со потрошени 200 милиони фунти ова лето, Мурињо со 146 изби на првата позиција на најголеми потрошувачи.
Гвардиола потрошил 859 милиони, но разликата е во тоа што Мурињо на газдите на екипите тие пари ги земал во текот на 17 години, додека Гвардиола тоа го направи во девет.
Најголемото и најскапото засилување на Мурињо е Пол Погба. Изминатата година за 89 милиони фунти пристигна од Јувентус во Манчестер Јунајтед.
Вака изгледа и конечната листа на десетте најскапи Мурињови засилувања:
Пол Погба – 89 милиони фунти
Ромелу Лукаку – 75 милиони
Немања Матиќ – 40 милиони
Диего Коста – 35 милиони
Лука Модриќ – 33 милиони
Виктор Линделоф – 31 милиони
Вилиан – 30 милиони
Цеск Фабрегас – 30 милиони
Ерик Бејли – 30 милиони
Андри Шевченко – 30 милиони