Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Интер за приклучок на врвот, Наполи за рекорд

Дерби на денот: Интер за приклучок на врвот, Наполи за рекорд

Актуелниот шампион на Италија, Интер ќе се обиде да ја намали разликата од лидерот Наполи вечерва, кога двата гиганти од Серија А ќе играат на Џузепе Меаца.

Додека третопласираните Нероаѕури одиграа нерешено 1:1 во миланското дерби на последниот меч пред репрезентативната пауза, нивните гости ја продолжија серијата без пораз играјќи 1:1 со Верона на домашен терен.

Интер пред императив да победи

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


По првото сезонско Дерби дела Мадонина пред две недели, Интер се уште заостанува од Наполи и Милан со по седум бода и надежите за одбрана на скудетото се темелат на пресврт од натпреварите како овој против Наполи, против директните конкуренти. Ова е натпревар од огромна важност за Интер.

Гостувањето на Наполи на „Џузепе Меаца“ следи по тензичното реми со Милан пред репрезентативната пауза, кога Мартинез промаши пенал и уште неколку шанси за победа.

По поразот од Лацио во средината на минатиот месец, тимот на Симоне Инзаги остана непоразен, а само ремито во Дерби д’Италија против Јувентус ги спречи да забележат пет последователни победи. Интер е втор зад Реал Мадрид во нивната група во Лигата на шампионите и е во добра позиција да напредува.

Сепак, шампионите се чини дека изгубија многу откако Антонио Конте и Ромелу Лукаку ја напуштија екипатаа во текот на летото, нешто што остави голема трага сезонава.

Сепак има и добри работи во Интер. Нероаѕурите, сепак се непоразени во последните четири првенствени натпревари против Наполи, а благодарение на нападот со нов изглед, постигнаа најмногу голови во Серија А оваа сезона – вкупно 29 гола.

Наполи брка рекорди

Поранешниот тренер на Интер, Лучијано Спалети со Наполи победи на 10 од нивните 12 натпревари во Серија А сезонава за да остане на врвот заедно со Милан.

Сепак, кикснаа непосредно пред репрезентативната пауза, бидејќи Верона се држеше цврсто и обезбеди нерешен резултат 1:1 на стадионот Марадона за да стави крај на совршениот домашен рекорд на Наполи во лигата.

Како и да е, Наполи е непоразен во последните 21 натпревари во Серија А, а последниот пораз е уште во април, против Јувентус. Таквата конзистентна серија е неверојатна и сега се приближуваат до клупскиот рекорд од 26 меча без пораз, поставен пред четири години.

Спалети најавува дека ќе нападне од првата минута, но тоа е веројатно само игра на зборови. Наполи би требало да игра претпазливо и сигурен сум дека ќе биде задоволен и со бод од овој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започнал преговори со Кристал Палас за привлекување на Марк Геи, тврди “Атл…