Денес на програмата е 4-то коло во Лигата на шампионите, а тоа ќе донесе дуел на двата најтрофејни клубови во елитното натпреварување.
Ранетиот Реал се „лекува“ против достоен противник
Со доаѓањето на Мбапе ова лето се очекуваше дека „кралевите“ ќе бидат многу поубедливи, а јасно се гледа дека имаат потешкотии во играта. Критиките на сметка на играта се се поголеми, особено после Ел Класико, но впечатокот е дека само прашање на време е кога Реал ќе влези во вистинска форма. Квалитетот е огромен и Реал и оваа сезона е прв фаворит во сите натпреварувања. Во Лигата на шампиони доживеаа непријатен пораз на гостувањето кај Лил, а минатото коло се врати од негатива против Борусија Дортмунд. Сега на гости им доаѓа големиот ривал и ова е одлична можност Реал да се врати на победите и е голем фаворит.
Милан со специјален мотив против „кралот“
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милан минатата сезона заврши во групната фаза во Лигата на шампионите, но беше во исклучително тешка група и само гол разликата со ПСЖ го делеше од елиминациите. Ова лето пристигна нов тренер, Паоло Фонсека и беа донесени големи засилувања, па амбициите на тимот сигурно се многу поголеми. Меѓутоа не ја отворија баш најдоро сезоната и во првите три меча имаат два порази и една победа. Ова е специјален меч за „росонерите“ бидејќи играат против најголемиот ривал во Европа. Овие два ривали долго време немаат играно официјален натпревар, а Милан победи на последниот пријателски меч. Тимот од Милано моментално не е во добра форма и со реми на ова гостување ќе биде задоволен.
Очекување
Квалитетот и традицијата се на страната на Реал Мадрид, но дерби натпреварите се секогаш непредвидливи па очекуваме неизвесен меч со многу голови.