Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот во ЛШ: Роналдо со Јунајтед се враќа во Мадрид

Дерби на денот во ЛШ: Роналдо со Јунајтед се враќа во Мадрид

Манчестер Јунајтед ќе патува на Ванда Метрополитано во престолнината на Шпанија во среда навечер, на гости кај Атлетико Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ завршија на првото место во групата Ф за да се пласираат во нокаут рундата, додека Атлетико го освои второто место во групата Б зад Ливерпул, што беше доволно за пласман во оваа фаза.

Тимот на Симеоне игра топло-ладно


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој меч доаѓа во незгодно време за тимот на Симеоне. Атлетико има само три победи од послендите осум натпревари во сите натпреварувања, што е катастрофална серија за шампионот на Шпанија. На домашен терен играат исто толку лошо, па од поразот дома против Милан во групната фаза во Лигата на Шампиони, Атлетико има три порази и три победи во следните шест домашни дуели.

Сепак, тимот на Симеоне ќе влезе во натпреварот во среда по победата од 0:3 над Осасуна во Примера, со головите Жоао Феликс, Луис Суарез и Анхел Кореа, иако нема никакво бегање од фактот дека шпанскиот шампион разочара годинава.

Атлетико моментално е на петтото место на табелата, со дури 15 бодови зад лидерот Реал Мадрид, така што Лигата на шампионите е нивната единствена реална шанса за медал оваа сезона. Но во исто време, ќе треба да одиграат на високо ниво и во Ла Лига, за да обезбедат место во ова натпреварување и следната сезона.

Атлетико игра добро со англичани

Атлетико беше далеку од убедлив во групната фаза на Лигата на шампионите, победувајќи само на два од нивните шест натпревари против Ливерпул, Порто и Милан, но победата над Порто од 1:3 на последниот натпревар во Португалија, им овозможи да завршат втори зад Ливерпул.

Црвено-белите се соочија со Манчестер Јунајтед само во една претходна прилика, играјќи во второто коло од Купот на победниците на куповите 1991-1992, при што шпанскиот тим победи со вкупни 4:1. Воедно имаат добра традиција против Англиски екипи. Двапати загубија од Ливерпул во групната фаза оваа сезона во Лигата на шампионите.

Атлетико, исто така загуби од Челзи во осминафиналето минатата сезона. Но тие стигнаа до четврт-финалето во пет од нивните последни осум сезони во Лигата на шампионите под водство на Симеоне. Гигантите од главниот град победија во вкупно девет од нивните 12 двомеч нокаут натпревари против англиски клубови.

Јунајтед влегува во добра форма

Манчестер Јунајтед ќе влезе во натпреварот по победата од 2:4 над Лидс Јунајтед во неделата, кога Фред и Ентони Еланга кои влегоа од клупата постигнаа голови вредни три бода. Сега можно е и двајцата да се најдат во првиот тим на мечот во Мадрид. „Црвените ѓаволи“ се на четвртото место на табелата, со четири бода повеќе од Вест Хем Јунајтед и нивната цел е јасна – пласман на местата кои водат во Лига на Шампиони следната сезона и што подолго играње во Европа.

20-кратниот шампион на Англија забележа големи победи над Брајтон и Лидс во последните два меча, но сега ќе го насочат вниманието кон Лигата на шампионите и се свесни за важноста да се постигне позитивен резултат на првиот натпревар пред реваншот на Олд Трафорд следниот месец.

Црвените се англиски рекордери во Европа

Манчестер заврши на првото место во групата Ф за да се пласира во оваа фаза, собирајќи 11 бодови од нивните шест натпревари, а Кристијано Роналдо постигна неколку крајно важни голови за да му помогне на тимот да се пласира во нокаут рундата на Лигата на Шампиони за прв пат од 2018 година.

„Црвените ѓаволи“, кои се двократни освојувачи на Лигата на шампионите, го победија Пари Сен Жермен во оваа фаза од натпреварувањето 2018-19, но минатата сезона не успеаја да ја поминат групната фаза. На крајот испаднаа во Лига Европа – стигнаа до финалето пред да загубат од Виљареал.

Гигантите од Премиер лигата славеа на седум од нивните претходни 11 осминафинални натпревари, додека тие се во нокаут рундата по 19-ти пат – што воедно претставува англиски рекорд. Ќе биде крајно интересно да се види што може да испорача Ралф Рангник оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…