Дома Фудбал Италија Дербито Јувентус – Интер може да се игра следниот понеделник

Дербито Јувентус – Интер може да се игра следниот понеделник

Постои веројатност одложеното дерби помеѓу Јувентус и Интер да се одигра следниот понеделник на 9-ти март, пренесуваат италијанските медиуми.

Натпреварот требаше да се игра синоќа, најпрво беше одлучено да се игра без публика поради корона вирусот, а потоа и официјално беше одложен.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Првично мечот беше преместе да се игра на 13-ти мај, но двата клуба настојуваат да се избере друг датум, па постои веројатност дербито да се одигра следниот понеделник.

„Има смисла во овој предлог да се игра следниот понеделник, но сакам да ги слушнам и другите предлози“, изјави директорот на Интер, Марота.

Проблемите околу корона вирусот во Италија не престануваат, па постои можност и следниот викенд да бидат одложени неколку натпревари, како и полуфиналните дуели од Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…