Дома Трансфер зона Депај откри зошто пропадна трансферот, Барса не се откажува

Депај откри зошто пропадна трансферот, Барса не се откажува

Ѕвездата на Лион и холандски репрезентативец, Мемфис Депај ја потврди причината поради која пропадна неговиот трансфер во Барселона.

Мемфис Депај беше на чекор од Барселона. Практично се беше договорено, но трасферот пропадна во последен момент.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Барселона не можеше да му ги исплати на Лион договорените 25 милиони евра и се повлече од трансферот во последниот ден од преодниот рок.

Барселона го надминала планираниот буџет за плати во актуелната сезона, па Ла Лига не им дозволи на Каталонците да го комплетираат трансферот.

„Да трансферот беше многу блиску до реализација. Не сака  да откривам детали, но бев на чекор од Барселона. Верувам дека се во животот се случува поради одредена причина“, изјави Депај.

Каталонските медиуми тврдат дека Барса не се откажува и ќе се обиде во јануари да го комплетира трансферот на Депај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…