Toчно на денешен ден пред 17 години Милан го победи Јувентус на „Олд Трафорд“ и ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Херој на Милан во пенал-рулетот беше Андреј Шевченко. По 120 минути резултатот беше 0:0, па победникот се решаваше со изведување на удари од белата точка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Украинецот беше стрелец на победничкиот гол, а сега се потсети на таа вечер и ги раскажа емоциите.
Once again and forever, thanks to all the people involved in this fantastic journey… Great memories! ?⚽️ @acmilan @championsleague #Final #JuventusMilan #2003 #OnThisDay ❤️? pic.twitter.com/UqTADFbl8c
— Andriy Shevchenko (@jksheva7) May 28, 2020
„Тие 12-15 секунди нема никогаш да ги забравам. Во тие моменти размислував за целиот живот. Од денот кога имав сон како дете, до моментот кога тој сон почна да се остварува“, раскажа популарниот Шева.
Треба да се спомене и дека тоа беше првпат два тима од Италија да играат во едно финале.