Ако не се појавеше Ковид-19 денес требаше да се игра 32. коло во англиската Премиер лигата и на „Етихад“ ќе се сретнеа Манчестер Сити и Ливерпул. Ова ќе беше натпревар во кој Ливерпул и официјално можеше да стане нов шампион на Англија или пак симоблично предавање на круната.
Денес од 17:30 часот требаше да играат Сити и Ливерпул, а постоеа големи шанси Ливерпул после овој натпревар да можеше да биде промовиран во шампион на Англија. Сепак, работата можеби ќе беше решена и претходно. Тогаш ќе гледавме натпревар во кој Сити му ја предава круната на Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул пред прекинот беше на две победи од титулата, а тие две победи можеше да ги оствари пред дуелот со Сити и тоа против Евертон и Кристал Палас. Така натпреварот кој требаше да се игра денес ќе беше симболично предавање на круната.
Поради пандемијата Ливерпул се уште не може да каже дека е шампион затоа што постои можност сезоната да се поништи, мала е, но сепак постои. Ќе потсетиме, Ливерпул на титула во Премиер лигата чека 30 години и споменатото сценарио за нив би било голем удар.