Дома Фудбал Дембеле на претставувањето: Не сум Нејмар, Меси е најдобар во историјата

Дембеле на претставувањето: Не сум Нејмар, Меси е најдобар во историјата

Најскапото засилување во историјата на Барселона, Осман Дембеле, денес беше претставен во новиот клуб и во таа прилика изјави дека не чуствува притисок поради висината на трансферот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„За мене е важно да го правам она што се бара на теренот, висината на трансферот воопшто не ми претставува притисок. Јас не сум Нејмар, помеѓу нас двајца постои разлика. Тој е еден од најдобрите во светот, а јас сум млад играч кој одиграл само две сезони како професионалец“.

„Многу сум среќен што ќе играм заедно со Меси. Тој е најдобар во историјата. Сакам да го гледам како игра и се што прави на теренот и надвор од него. Ми претставува чест што ќе имам можност да бидам во неговиот тим“, истакна Дембеле.

Дембеле кариерата ја започна во Рен од каде што минатото лето премина во Борусија Дортмунд за сума од 14 милиони евра, а ова лето за 105 милиони (плус бонуси) стана најскапото засилување во историјата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комо избори место во ЛШ, па Фабрегас веднаш му се јави на Перез

Фудбалерите на Комо на неверојатен начин се пласираа во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што …