Во текот на денешниот ден се појавија најави дека финалето на Лигата на шампионите може да не се игра во Истанбул поради страв од нереди пред претседателските избори во оваа земја.
Британскиот „Дејли Мејл“ најавуваше дека финалето може да биде преместено на „Луж“ во Португалија, сепак тоа нема да се случи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По шпекулациите се огласи УЕФА која порача дека Истанбул дефинитивно останува домаќин.
„Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 10-ти јуни во Истанбул како што е планирано“, објави УЕФА.
Претходно УЕФА двапати го преместуваше финалето од Истанбул, меѓутоа како што стојат работите сега конечно најголемиот град во Турција ќе биде домаќин на двете најдобри екипи во најелитното европско натпреварување.
🚨| UEFA statement —“The 2023 UEFA Champions League final will take place in Istanbul as scheduled.” #UCL 🇹🇷🏆 pic.twitter.com/wFrXijKTLb
— Madrid Zone (@theMadridZone) May 12, 2023