Легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро им се приклучи на критиките на сметка на Кристијано Роналдо по раната елиминација во Лигата на шампиони.
Јувентус беше елиминан од Порто во осминафиналето после продолженија, а според многумина трагичар беше Кристиано Роналдо, поради кој Јувентус прими гол за 2-2 во 115-та минута од натпреварот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Роналдо со тој потег го предаде Јувентус, иако не беше единствениот. Но тој ја има одговорноста како најдобриот играч и лидер на тимот, мораше подобро да реагира во таква ситуација. Јувентус цел час имаше играч повеќе и премалку направи во нападот. Порто само ги чекаше и ги искористи своите шанси“, изјави Дел Пјеро.