Дома Фудбал Италија Дел Пиеро објасни зошто Дибала е спремен да биде капитен на Јувентус

Дел Пиеро објасни зошто Дибала е спремен да биде капитен на Јувентус

Легендарниот напаѓач на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро зборуваше за Аргентинецот Паоло Дибала и истакна дека 26 годишниот фудбалер е спремен да ја носи капитенската лента на „старата дама“.

„Дибала стана комплетен фудбалер. Неколку пати ја носеше капитенската лента и тоа сугерира дека е спремен за таква улога, затоа и му беше доделена“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Лично го познавам и би кажал дека созреа во последните месеци. Неговата реакција на она што се случуваше во текот на летото најдобро покажува колку е смирен. Знаев дека е голем работник и поради тоа како што кажав стана комплетен играч“, додаде прославениот напаѓач.

Дибала во Јувентус пристигна од Палермо во 2015 година, а во тимот од Сицилија помина три години. Игра на позицијата офанзицен играч за врска, а во текот на летот често се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Дел Пиеро за Јувентус играше од 1993 до 2012 година, а Серија А со бјанконерите ја освојуваше осум пати. За репрезентацијата одигра 91 натпревар и постигна 27 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли добива отказ. Милан бира помеѓу овие пет тренери

СТЕФАНО ПИОЛИ ќе биде тренер на Милан само до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, п…