Дома Фудбал Дел од директорите на Барселона спремни да се разделат од Меси

Дел од директорите на Барселона спремни да се разделат од Меси

Во Барселона се надеваат да го убедат Меси да остане на „Камп Ноу“, но некои членови на раководството немаат против тој да биде продаден ова лето.

Меси не е задоволен од случувањата во клубот и му ја соопштил намерата на новиот тренер дека не се чувствува повеќе дел од тимот и сака да ја напушти Барселона, а тоа како „бомба“ одекна во фудбалска Европа.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меси на средбата со тренерот и раководството изразил сомнеж за новиот проект на Барселона и би сакал да ја промени средината.

Тој има договор на уште една сезона со Барселона, а од клубот се надеваат дека ќе го убедат да остане и да потпише нов договор.

Некои од директорите се спремни да го пуштат Аргентинецот доколку пристигне соодветна понуда. Сметаат дека тоа ќе му дозволи на Куман да изгради нов тим и значително да се намали буџетот за плати.

Претседателот Бартомеу сака Меси да остане и му понуди нов договор до 2023 година, меѓутоа преговорите се замрзнати во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја изневерил девојката со позната инфлуенсерка од Италија?

Шпанските медиуми крајот на 2024 година го поврзуваа Ламин Јамал со италијанската инфлуенс…