Мартин Делев се врати на највисокото скалило на победничкиот подиум во „Твинго куп“ со четвртиот сезонски триумф на петтата трка „Скопје круг 2019“, што денеска се возеше пред Македонската Радио Телевизија.
На победничкиот подиум на Делев му се приклучија Слободан Трајковски и Емил Нацка, кои завршија на второто, односно третото место.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Денешната трка се возеше во чест на Александар Кочевски.
На крајот од секоја сезона победниците, односно за првите три места се предвидени парични награди, додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на TWINGO CUP е 100% електричното возило Renault TWIZY.
РЕЗУЛТАТИ
1. Мартин Делев 31:32,148 минути
2. Слободан Трајковски 31:37,735 минути
3. Емил Нацка 31:38,182 минути
4. Давид Малиновски 31:48,443 минути
5. Ангелчо Стојковски 32:43,686 минути
6. Ненад Костовски 32:45,031 минути (+1 круг)
7. Иван Стефановски 27:41,539 минути (+3 круга)