Дома Фудбал Италија Девојката на Дибала: Од каде ви е тоа дека Паоло е позитивен!?

Девојката на Дибала: Од каде ви е тоа дека Паоло е позитивен!?

Поголем број европски медиуми вчера објавија дека ѕвездата на Јувентус, Паоло Дибала повторно е позитивен на коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа неговата девојка, Ориана Сабатини ги демантираше тие наводи и тврди дека нејзиниот дечко не се ни тестирал, а не пак да биде позитивен.

Паоло се уште не е тестиран. Мора да направи тестирање, па ќе видиме. Не знам од каде ви е таа информација? На сите ви соопштивме кога бевме позитивни и на сите ќе ви соопштиме и кога тестот ќе биде негативен. Мојот тест е негативен, ќе почекаме да видиме каков ќе биде на Паоло“.

Дибала е еден од тројцата фудбалери на Јувентус кои беа заразени со коронавирусот, претходно успешно се опоравија Даниеле Ругани и Блез Матуиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…