Дома Македонски спорт Мак фудбал Деби како стартер и зад името на Елмас и првата асистенција во дресот на Фенербахче (ВИДЕО)

Деби како стартер и зад името на Елмас и првата асистенција во дресот на Фенербахче (ВИДЕО)

За првпат денес, нашиот интернационалец, Елиф Елмас беше стартер во дресот на Фенербахче.

Во денешниот меч, Елмас ја запиша својата прва асистенција против Гиресунспор во рамки на четвртфиналната пресметка од Купот на Турција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во 26. минута Елмас асистираше за Топал кој беше прецизен во противничката мрежа.

Она што исто така го одбележа овој меч е и најлошиот изведен пенал, кој зад своето име го запиша Додо во 53. минута од мечот.

Израмнувачкиот погодок го постигна Кариока во 73. минута, а во финишот конечниот резултат го постави Фернандо од белата точка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Првиот човек на ФФМ стана член на една од најважните комисии во УЕФА!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби ново високо при…