Три недели откако од Ливерпул премина во Барселона за 160 милиони евра, Филипе Кутињо дебитираше на „Камп Ноу“.
Првиот настап го запиша влегувајќи од клупата против Еспањол, за кој некогаш настапуваше. Во 68. минута на теренот го замени Андрес Иниеста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во градското дерби, Барселона обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Кралевите, откако првиот меч го загуби со 1:0.
Овој пат Каталонците се наметнаа уште од самиот старт, па така најпрво Суарез беше превизен во 9. минута, а потоа и Меси упати одличен удар за 2:0 кои на крајот беа доволни за минување во следната претпоследна фаза во рамки на Купот на Кралевите.