Дома Македонски спорт Мак фудбал Дебакл на Академија Пандев: Косовскиот шампион им даде шест гола

Дебакл на Академија Пандев: Косовскиот шампион им даде шест гола

Македонскиот вицешампион Академија Пандев со убедлив пораз ги започна подготовките за новата сезона. Попладнево стурумичкиот состав беше поразен од косовски Балкани со 1:6.

Косовскиот шампион пред неколку дена го победи и нашиот шампион Шкупи, а сега ги декласираше пандевци кои се припремаат за квалификациите од Конференциската лига каде што ги чека тешка задача против Легија Гдањск.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Рамноправен противник Академија Пандев беше некаде до средината на првото полувреме кога постигнаа гол за изедначување, но Балкани понатаму доминираше на теренот. До крајот на полувремето Балкани постигна гол за водство, а вториот дел уште четири гола стигна до убедлива победа.

По овој натпревар Академија Пандев оди во Банско каде што ќе игра против ЦСКА 1948 и Левски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…