Андреас Переира и Џеси Лингард најверојатно ќе го напуштат Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната, тврдат медиумите на Островот.
Двајцата го загубија местото во стартниот тим и ретко добиваат минутажа кај Солскјер во последно време.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лингард и Переира се спремни да го напуштат „Олд Трафорд“ во потрага по поголема минутажа, а клубот нема да им стои на патот и е спремен да ги продаде.
Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ имаат план со нивната продажба да го финансираат трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила.
Договорите на двајцата фудбалери со Манчестер Јунајтед истекуваат во јуни 2021 година.