Дома Фудбал Англија Два нови ШОКА за Челзи: „Топчиите“ мудро го крадат наследникот на Конте, готова е сезоната и за Шпанецот!

Два нови ШОКА за Челзи: „Топчиите“ мудро го крадат наследникот на Конте, готова е сезоната и за Шпанецот!

Антонио Конте преживеа порази, меѓутоа, се поставува прашањето дали ќе биде тука по дуелот со Барселона и гостувањето на Јунајтед и Сити.

Го штити клаузулата по која клубот би морал да му плати 30 милиони евра ако го смени пред летото, а исто така Челзи нема алтернатиа бидејќи Луис Енрике одби да го преземе клубот во текот на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, денес е лансирана бомба, Енрике би можел да замине во Лондон, но не на „Стемфорд Бриџ“, туку во редовите на Арсенал. Имено, се зборува дека Венгер заминува на лето, Анчелоти е кандидат, но како што се наведува челниците на „Топчиите“ би сакале помлад терен кој ја дели фудбалската визија на Арсенал.

За Челзи е лоша вест и состојбата на Алваро Мората, никој не знае кога ќе закрепне, а Конте подигна доста бура па оттаму Мората би можел да ја заврши сезоната предвреме поради проблеми.

„Сега веќе нема кукање, го доведовме Жиру, Мората има проблем, неизвесно е навистина што ќе се случува“, истакна Конте чиј тим во понеделник го затвора колото против ВБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сер Алекс Фергусон „има порака“ за Рубен Аморим што да прави со Гарначо по заканите за бојкот

Рубен Аморим би можел да се одлучи за некои многу остри тактики кои ги користеше сер Алекс…