Македонија вчера приреди сензација во светски рамки во Палермо ја победивме Италија, актуелниот европски шампион и се изборивме за финале во баражот.
Во финалната пресметка за место на Светското првенство не чека уште еден фудбалска супер сила, селекцијата на Португалија предводена од Кристијано Роналдо, Диого Жота, Бруно Фернандеш… Овој натпревар секако ќе биде посебен за цела Македонија, но специјално значење ќе има за нашиот капитен Стефан Ристовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финалната пресметка ќе биде пресметка на двајца добри пријатели – Стефан Ристовски и Бруно Фернандеш. Многу добро познато дека Ристовски и Фернандеш се одлични пријатели од времето кога двајцата настапуваа во дресот на Спортинг.
Бруно неколку пати истакнуваше поддршка за македонската репрезентација, а и се фотографираше со макеоднскиот дрес.
Место во финалето ќе има само за еден, нашите момци не навикнаа да веруваме, па се надеваме дека тоа ќе биде македонскиот капитен.