Пред репрезентацијата на Италија вечерва е реванш натпреварот против Шведска на „Сан Сиро“ во рамките од баражот за Светското првенство Русија наредната година.
Репрезентацијата на Шведска на домашен терен ги изненади Италијаните и запиша победа од 1:0, благодарение на голот на Јохансон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Четирикратниот светски шампион после точно 59 години би можел да пропушти едно големо натпреварување. Навивачите се разочарани поради пристопот и чудните потези на селекторот Вентура. Помеѓу најгласните критичари беа и двете легенди на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло и Алесандро Дел Пиеро.
„Италија изгледа многу преплашени, како секој натпревар да го игра на 0:0. Тоа во Европа едноставно не поминува. На селекторот ќе му биде тешко да ги подготви фудбалерите за овој натпревар“, изјави Пирло.
Слично мислење на ова на Пирло имаше и уште еден легендарен напаѓач, Алесандро Дел Пиеро.
„Ниту еден напаѓач не игра лошо, но веројатно постои проблем во нивните глави и менталитетот“, изјави Дел Пиеро кој со Италија го освои Светското првенство во 2006 година.
Интересно е што Италија во историјата никогаш не загубила кога играла на „Сан Сиро“, но вечерва на Шведска и е доволен и нерешен резултат.