Поранешниот селектор на репрезентацијата на Аргентина, Алфио Басила одлучи да објасни поради што навивачите на „Гаучосите“ не го сакаат Гонзало Игуаин во составот за Светското првенство.
Аргентинците силно сакаат нивната репрезентација конечно да го освои Мундијалот, а многу блиску до такво нешто беа пред четири години кога во финалето беа поразени од Германија. Гневот на фудбалската јавност во Аргентина на тој натпревар го навлече Гонзало Игуаин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Од сите играчи најмногу сме бесни на Игуаин. Навивачите не сакаат тој да биде дел од составот за Мундијалот во Русија. Едноставно никогаш нема да му ја заборават онаа неверојатна шанса која ја промаши на почетокот на финалето против Германија. На крајот поради таа шанса не стигнавме до титулата, а Игуаин е најголемиот виновник“.
„Никој не може да објасни како остана сам на 20 метри и можеше да го праша Мануел Ноер каде да шутира, но тој како да се исплаши. Доколку постигнеше гол и ја донесеше титулата на Аргентина би имал статус на бесмртник, вака тој стана една од најомразните личности во нашата земја“, изјави Басила.