Дома Фудбал Останато Дарко Панчев вечерва му дава предност на Интер, а има и фаворит за освојување на ЛШ

Дарко Панчев вечерва му дава предност на Интер, а има и фаворит за освојување на ЛШ

Вечерва Милан и Интер ќе играат во првото полуфинале од Лигата на шампионите во терминот од 21:00 часот.

Ова е натпревар на два градски ривали кои добро се познаваат, а сезонава ќе им биде четврти натпревар. Пред натпреварот свое мислење даде и македонската фудбалска легенда Дарко Панчев.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Милан е домаќин, но бидејќи играат на ист стадион кој двете екипи одлично го познаваат, домашниот терен сега и не е некоја предност. Голема работа е што два италијански клуба стигнаа до полуфиналето. На такво нешто не се надеваше веројатно никој. Интер е во дбра форма, има одлични поединци, додека Милан во овој момент е во мал пад, на сето тоа се повреди и Леао. Ако не игра Леао, блага предност му давам на Интер“, изјави Панчев за српски „Информер“.

Фаворит за трофејот за Панчев е Манчестер Сити.

„Очекувам Милан и Интер да водат изедначена битка до крајот на вториот натпревар. Како што кажав, предност му давам на Интер, но и да победи, тоа нема да биде убедливо. Пред два месеци кажав дека Манчестер Сити ќе ја освои Лигата на шампионите и се уште стојам на тој став, парите играат важна улога во фудбалот“, додаде Панчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…