Дома Македонски спорт Дарио Ивановски до АМС: Каде да одам да се спремам со 38.000 денари!?

Дарио Ивановски до АМС: Каде да одам да се спремам со 38.000 денари!?

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски кој е рекордер на 1.500 метри реагираше преку социјалните мрежи после објавените ваучери од Агенцијата за млади и Спорт.

Дарио Ивановски од АМС доби сума од 38.000 денари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Чекајте да размислам каде да одам да се подготвувам со овие пари… Аха, во 2020 година картата до Кенија ме чинеше 90.000 денари. За да трчаш силно треба да тренираш на високо. Хм… па јас можам и тука бе…. Зарем кога почнав да се занимавам со атлетика имав некои придонеси за да се подготвува? Епа ќе трчам улични трки за да собирам пари, за да можам да се подготвувам убаво да успеам во спортот.

Фотелјата: Дарио, ти не си аматер да трчат улични трки, треба да гледаш професионалната атлетика само.

Да, точно е дека во 2020 година не бев во најдобрата форма што ја очекувавте, па беше лесно да ме закопате. Не зборуваме за материјално, туку само погледнете го знамето на мојата лева страна. Зарем не ви е срам да го газите знамето додека е на земјата ниско. Не знам за вас, но мене ме учеа да бидам борец до крај, па дури и противникот додека е на земја да го чекам да стане за да продолжам. Јас имам одговорност да ја чувам мојата татковина како што ме советуваше дедо ми“, напиша Ивановски на Фејсбук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …