Kапитенот Дамјан Стојановски е првиот кошаркар кој летово ја обнови соработката со МЗТ Скопје Аеродром, со што продолжи љубовта која веќе една деценија постои помеѓу клубот и легендата на македонската кошарка.
“Кога двајца се сакаат и почитуваат, договор лесно се постигнува, па така и официјално може да потврдиме дека нашиот Дамјан и десетта сезона ќе го носи сино-белиот дрес. A, дека „врската“ е сериозна и е на долги патеки говорат и плановите на управата за негово вклучување во клупскиот менаџмент, секако откако ќе реши да ја заврши играчката кариера“, соопштија од МЗТ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стојановски е дел од МЗТ од 2012 година, период во кој дојде до седум шампионски титули, пет победи во Купот на Македонија и три во Суперкупот.