Миралем Пјаниќ би можел на лето да го напушти Јувентус.
Пјаниќ игра одлично во „Старата дама“, но веќе одамна се поврзува со Реал Мадрид. Сега тоа е уште поизвесно, со оглед на враќањето на Зидан во Мадрид. Пјаниќ има договор со Јувентус до 2023. година, но италијанските медиуми пишуваат дека неговиот агент го „уценува“ шампионот од Серија А.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Уште претходно се споменуваше дека Јувентус од Реал бара 80 милиони евра надомест, но дали ќе се случи тоа останува да видиме. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е член на Јувентус веќе трета сезона. Со торинскиот клуб е доминантен во Италија и заедно чекори кон нова титула шампион на Италија.
Пјаниќ во дресот на Бјанконерите одигра вкупно 135 натпревари и постигна 19 гола, од што постигна четири гола оваа сезона.