Дома Топ вести Дали ова значи збогум? Пујол испрати порака до Меси

Дали ова значи збогум? Пујол испрати порака до Меси

Фудбалскиот свет е во шок после информациите дека Лео Меси сака да ја напушти Барселона.

Имено, тој смета дека ова лето е вистинско време да го напушти Камп Ноу, а за тоа го информирал новиот тренер, но и управата на Барселона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Очигледно тие не се единствените кои се информирани бидејќи на Твитер се огласи легендарниот Карлес Пујол, а причината беше Лионел Меси.

„Респект и восхит, Лео. Се најдобро, пријателе“, напиша Пујол на Твитер.

Неговиот Твит личи на проштална порака, а со оглед дека тие двајца се големи пријатели не е чудно што Пујол веќе знае за одлуката на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Валенсија воодушевени од Димитриевски – го споредија и со лилјак! (Видео)

Валенсија со сигурни 2-0 го совлада градскиот ривал Леванте, а во центарот на вниманието п…