Младиот голман на Милан, најверојатно ќе го напушти клубот од Милано ова лето, бидејќи тој одби да го продолжи договорот.
Италијанскиот клуб денес соопшти разочарувачки вести за навивачите на овој клуб, Џанлуиџи Донарума нема да го продолжи договорот иако му беше понудена плата од 4.5 милиони евра годишни, плус дополнителни бонуси.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Договорот кој сега е на сила го обврзува Донарума да остане уште една сезона во Милан, а продажбата е најдобра опција доколку „Росонерите“ сакаат да заработат од неговиот трансфер.
Реал Мадрид е клубот кој најмногу се поврзуваше со талентираниот чувар на мрежата. „Галактикосите“ му понудија договор според кој Донарума би заработувал шест милиони евра годишни, што е понуда која тешко се одбива.