Репрезентацијата на Италија повторно игра бараж за Светското првенство, тоа се случи и во 1998 година, а овој пат тие беа поразени од Шведска во првиот натпревар, нивна елиминација секако би се сметала за огромно изненадување.
Светското првенство едноставно тешко може да се замисли без репрезентацијата која четири пати го освојуваше, но на „Аѕурите“ овој пат сигурно нема да им биде лесно, посебно после првиот натпревар во кој беа поразени со 1:0 и не покажаа добра игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Аѕурите“ во својата историја пропуштиле два Мундијали и тоа оној првиот во 193о година во Уругвај, на кој едноставно не сакаа да учествуваат. Веројатно сметаа дека ова натпреварување не може да добие голема популарност.
Потоа следуваа две шампионски титули, па втората светска војна и занемарливи учества во 1950 и 1954 година на кои беа освоени седмото и десетото место, а дека 50-те години и дефинитивно беа за заборав се покажа и во 1958 кога не се квалификуваа на завршницата во Шведска.
Меѓутоа се вратија само четири години подоцна и од тогаш не пропуштија ниту едно Светско првенство.
Сега, Италија во реваншот влегува со негатива од 1:0, а дали после 59 години повторно еден Мундијал ќе помине без една од најголемите фудбалски сили во светот ќе дознаеме по реваншот кој Италијанците го играат на домашен терен.