После 65 натпревари на клупата на Баерн, Нико Ковач од вчера не е тренер на германскиот гигант.
Неубедливите резултати, дебаклот од Ајнтрахт и лошиот однос со некои играчи беа причината за неговото заминување. Поради Ајнтрахт дојде, поради Ајнтрахт и замина, а во Баерн на 65 натпревари оствари учинок од 45 победи, 12 нерешени натпревари и осум порази. Минатата година освои тројна круна, но оваа не му одеше.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хрватскиот стратег ја изгуби довербата и од соблекувалната, а тоа може да се забележи по една работа – никој не се поздрави со Ковач.
Да, можеби го направиле тоа во некој ходник на „Алијанц Арената“, приватна порака или повик, меѓутоа никој тоа не го направи онака како што е вообичаено во денешно време – преку социјалните мрежи. Баш ниту еден првотимец на Баерн не му посака на Ковач ниту среќа.