Дома Фудбал Италија Дали е на повидок нов Калчополи? Спорна победата на Јувентус која му донесе титула во 2018 година

Дали е на повидок нов Калчополи? Спорна победата на Јувентус која му донесе титула во 2018 година

Италијанскиот фудбал го тресе нов скандал, а повторно во центарот на вниманието е актуелниот шампион Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главна тема денес во италијанските медиуми е натпреварот помеѓу Интер и Јувентус во 2018 година, кој беше клучен за титулата на „старата дама“.

Тогаш за титулата се бореа Јувентус и Наполи, а на четири кола пред крајот „бјанконерите“ гостуваа кај Интер и тој натпревар на крајот се испостави дека ја одлучи титулата.

Интер водеше со 2-1, кога Пјаниќ со карате потег го сруши Рафиња и сите очекуваа црвен картон за Босанецот. Главниот судија Даниеле Орсато не го покажа затоа што од ВАР собата добил инструкции дека тоа не е старт за исклучување. На крајот Јувентус победи со 3:2.

Денес се огласи тогашниот шеф на Обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џузепе Пекораро кој лани поднесе оставка. Тој тврди дека, по жестокиот притисок од сите страни, одлучиле да ја испитаат ситуацијата поради која Пјаниќ не е исклучен, но дека ги нема клучните аудио записи од ВАР собата.

Видео записите од овој меч не биле комплетни. Конкретно, комуникацијата помеѓу ВАР собата и главниот арбитар токму за овие ситуации кои се спорни ја немало.

„Ги баравме аудио дијалозите меѓу ВАР и судијата Орсато, но материјалите ги добивме дури на почетокот од следната сезона. Кога ја отворивме датотеката, се беше таму, освен единствената работа што ни беше важна – разговорите кои доведоа до тоа Пјаниќ да отане на теренот. Причина? Ми рекоа дека го немаат тој дел“, истакна Пекораро.

Оваа изјава ја разбранува италијанската јавност и повторно се појавија сомнежи за „Калчополи“, бидејќи Јувентус често е обвинуван за помош и соработка на судиите во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…