Дома Топ вести Дали Барселона е оштетена за пет бода во четири дена? (ВИДЕО)

Дали Барселона е оштетена за пет бода во четири дена? (ВИДЕО)

Во четири дена и два натпревари против големи атусајдери, Барселона освои само бод. Прво пред своите навивачи одигра 2:2 со Џирона, а потоа вчера загуби од Леганес со 2:1.

Навивачите на Барселона сметаат дека нивниот клуб оштетен и во двата натпревари. Против Џирона при водство од 1:0 црвен картон доби дефанзивецот, Клемен Ленгле кој случајно со лакт го удри офанзивецот на Џирона, Пере Понс. Дури и Понс претходно направи прекршок и тој тогаш му се извинуваше на Ленгле.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Црвениот картон промени се. Ова е преседан, ова мора да е првиот црвен картон во кој повредениот играч му се извинува на оној кој го направил прекршокот“, беше бесен Валверде, а користењето на ВАР во таа ситуација го критикуваа Серхио Бускетс и Артуро Видал.

Веќе вчера повторно беше забележана спорна ситуација. Шпанците објавија успорена снимка од изедначувачкиот гол на Легенес и заклучија дека Џонатан Силва бил во офсајд.

Дали судиите ја оштетија Барселона за пет бода во само четири дена?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …