Дома Актуелно Дали Барди пак ќе се врати во Шпанија?

Дали Барди пак ќе се врати во Шпанија?

Шпанскиот медиум „Ел Гол Дигитал“ внесе нова момент во професионалниот клупски ангажман на македонскиот репрезентативец Енис Барди, објавувајќи дека тој е во преговори за евентуален ангажман со шпанскиот великан Валенсија, поранешен првак во Ла Лига и екс-европски вицепрвак.

Валенсија е еден од неколкуте клубови кои изминативе десетина дена се поврзуваат со името на Барди како опција за негов нов трансфер, покрај Осасуна и Жирона, кои исто така се заинтересирани за македонската „десетка“ и италијански Торино, кој веќе пратил понуда за да го земе фудбалерот за врска на заем со опција за откуп идното лето.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Барди мина пет години во Валенсија, но не во дресот на „лилјаците“, туку како член на помалиот Леванте, па минатото лето за три милиони евра се пресели во Трабзон. Според информациите од Турција, Трабзон е расположен да го даде Барди на заем, но само ако новиот клуб потполно ја покрие неговата плата од 1,3 милиони евра.

Засега од Валенсија нема информации какви се нивните планови во врска со Барди – дали да го земе на заем или да го откупи за три-четири милиони евра, но великанот од „Местаља“ бил ептен загреан за да го донесе, а и Барди би сакал да се врати во Шпанија, каде многу брзо и ептен добро се прилагоди, како на животот, така и на фудбалот во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Јамал доживеал непријатност по мечот со Дортмунд – сакал да оди во тоалет, но не му дозволиле!

Синоќа во Лигата на шампионите се сретнаа екипите на Борусија Дортмунд и Барселона, а една…