Дома Фудбал Репрезентации Далиќ на Мундијалот направил грешка која Хрватска можела да ја плати со елиминација

Далиќ на Мундијалот направил грешка која Хрватска можела да ја плати со елиминација

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ неодамна објави книга за искуството од Русија со репрезентацијата каде што ја предводеше до сребрениот медал.

Далиќ со Хрватска го направи најдобриот резултат во историјата и сигурно дека ретко кој веруваше дека може да ги одведе до финалето. Овој стратег ја превзема Хрватска кога селекцијата беше во тешка ситуација и преку баражот успеа да ги одведе до Светското првенство.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во својата книга тој откри многу работи за Мундијалот како и грешката која во осминафиналето портив Данска можел да ја плати со елиминација.

„Одлично го анализиравме секој противник на Мундијалот и исти припреми имавме и за натпреварот со Данска. Но, не го анализиравме Кнудсен кој воопштп не требаше да игра. Еден час пред натпреваров дознавме дека ќе игра и никој од нас не знаеше дека така добро изведува аут. Во првата минута на тој начин и примивме погодок. Секој детал е важен и за наша среќа таа грешка не ја плативме со елиминација. Но, признавам дека тука погрешив“, изјави Далиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Флик потпишува нов договор и бара уште четири важни потписи во Барселона

Ханси Флик ќе потпише нов договор со Барселона. Како што и се очекуваше, управата под водс…