Дома Фудбал Италија Даглас Коста: Роналдо не е најдобриот играч на Јувентус

Даглас Коста: Роналдо не е најдобриот играч на Јувентус

Даглас Коста моментално се наоѓа во Бразил каде во друштво на својата сопруга чека зелено светло да се врати во Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Коста се најде во група на неколку фудбалери на Јувентус кои пред неколку недели го напуштија Торино и се вратија кај своите семејства.

„Се надевам дека многу брзо ќе се вратам во Италија, едвај чекам да се вратам, бидејќи веќе не знам што да работам овде.“ – изјави Коста во разговор со навивачите на Инстаграм.

Навивачите на Старата дама ги интересираше кој е најдобар играч на Јувентус според Даглас Коста. Бразилецот се одлучи за Пауло Дибала.

„Најдобриот играч со кој играм е Дибала, со кој сум и многу добар пријател. Тука е и Кристијано Роналдо, но “леваците“ подобро се разбираме“ – рече Коста.

Инаку, 29-годишниот играч оваа сезона не се изнаигра многу поради проблеми со повредите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола?

Италијанскиот тренер Енцо Мареска е единствениот кандидат за клупата на Манчестер Сити ако…