Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за настап во претквалификациите за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
Во составот на националниот тим за натпреварите со Словачка и Швајцарија нема ниту еден од натурализираните кошаркари, а селекторот Давитков потврди дека ќе играме без странец.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дефинитивно, ќе играме без странец. Ќе играме само со македонски играчи. Репрезентацијата ќе биде малку подмладена. Ќе играат играчи на кои ќе сметаме во наредниот период. Словачка ја знаеме, Швајцарија е мала непознаница во смисла што не сме ја гледале, но имам за неа информации“, изјави Давитков.
Според селекторот, борбата за првото место во групата ќе се води помеѓу Македонија и Словачка.
„Не гледам некој притисок кај играчите и заради тоа што Словачка ќе треба да гостува во Скопје. Повеќе притисокот треба да биде кај нив, тие во февруари ќе дојадат кај нас. Треба младите играчи да ги преземат работите, ќе се обидеме да одиграме добро. Треба овие два дена да искористиме да се договориме што ќе играме и да го дадеме најдоброто од нас, за колку тоа ќе биде доволно, ќе видиме“, додаде селекторот.