Дома Фудбал Останато Давид Алаба за Баерн е завршена приказна: Му дадовме добра понуда, бараше повеќе

Давид Алаба за Баерн е завршена приказна: Му дадовме добра понуда, бараше повеќе

Давид Алаба се наоѓа на излезни врати од Баерн.

После долготрајни преговори и неколку понуди кои биле испратени до Алаба од Баерн во клубот повеќе немале трпение. Дека се повлекле од преговорите потврди претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Му понудивме многу добра, фер понуда за овие тешки времиња. На агентот на Давид му кажавме дека сакаме да добиеме одговор до крајот на октомври, но одговор не добивме. Нашиот спортски директор Хасан Салихамиџиќ потоа го контактираше агентот. Добивме одговор дека понудата не била добра и дека треба да понудиме повеќе. Одлучивме да се повлечеме, повеќе не пости никаква понуда“, изјави претседателот на Баерн.

Бидејќи клубот не ја зголемил понудата извесено е дека Алаба ќе си замине бидејќи договорот му истекува наредното лето, а ќе видиме каде овој дефанзивец ќе се реши да ја продолжи кариерата.

Во медиумите се шпекулира дека Алаба и агентот Пини Захави од кубот барале плата од 25 милиони евра годишно, додека Баерн понудил плата од 17 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На Барселона ѝ беа потребни четири години да го исплати тренерот кој доживеа историски дебакл

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, откри дека чекал дури четири години за катал…