Дома Македонски спорт Мак ракомет Грчевски го објави поширокиот список ракометари за натпреварите со Азербејџан и Литванија

Грчевски го објави поширокиот список ракометари за натпреварите со Азербејџан и Литванија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Азербејџан и Литванија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.

На претстојната ЕХФ недела женската сенорска репрезентација на Македонија прво ќе гостува во Баку, Азербејџан а натпреварот е предвиден да се оддигра на 03.04.2024 во 15:00 часот, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Литванија, а натпреварот е предвиден да се оддигра на 07.04.2024 во Скопје со почеток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…