Дома Македонски спорт Мак ракомет ГРК Охрид гради сериозен тим: Промовираше четири засилувања, две се од шампионот!

ГРК Охрид гради сериозен тим: Промовираше четири засилувања, две се од шампионот!

Tимот на ГРК Охрид продолжи со создавање на тим за наредната сезона. Денес клубот промовираше четири засилувања.

Нови членови на Охрид се Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Никола Стоилевски и Милоард Кукоски.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Среќен сум што се враќам назад во Македонија и посебна чест ми е што ќе бидам дел од ваков одличен проект и тим како што е Охрид. Охрид е сериозна екипа со големи амбиции, а јас се надевам дека оваа сезона ќе ги исполниме сите цели и сите заедно ќе се радуваме на многу победи“, изјави Ѓорѓески.

Како шампиони на Македонија пристигнуваат Ојлески и Кукоски кои се разделија со Еурофарм Пелистер.

„Драго ми е што ќе сум дел од ракометниот клуб Охрид, клуб кој што покажува сериозност и квалитет во македонскиот ракомет. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и ќе славиме многу победи“, изјави Ојлески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…