Во вториот дел од сезоната би можеле да гледаме многу поинаков тим на Атлетико Мадрид.
Атлетико Мадрид од јануари ќе може повторно да регистрира фудбалери, па така Диего Симеоне во вториот дел од сезоната ќе може да смета на два нови фудбалери.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во прашање е репрезентативецот на Шпанија, Витоло кој дојде од Севиља и Диего Коста кој се враќа во редовите на „јорганџиите“.
Нема сомневање дека тоа ќе бидат две големи засилувања за клубот од Мадрид, но изгледа дека стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе ја напуштат и неколку важни фудбалери.
Според голем број медиуми Антоан Гризман практично се договорил со Барселона, но покрај него клубот би можел да го напушти и Јаник Караско.
Белгиецот минатата сезона беше стандарден, но оваа сезона запиша само пет настапи. Интерес за него покажаа минхенски Баерн, како и неколку клубови од Премиер лигата.
Según As, Diego Simeone
habría dado luz verde a los
dirigentes para que negocien
la venta de Yannick Ferreira
Carrasco.— Jose M Rodriguez V (@Rvjosemanuel16) December 27, 2017