Францускиот репрезентативец Антоан Гризман повторно има одлична сезона во редовите на Атлетико Мадрид и е трансфер цел на многу богати клубови ширум Европа.
Неговото име постојано се поврзува со клубови како ПСЖ и Манчестер Јунајтед кои се спремни да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 100 милиони евра.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Самиот Гризман најави „бомба“ откако призна дека постојано зборува со неговиот сонародник Погба за условите во Манчестер Јунајтед и призна дека сака еден ден да играат заедно.
„Јас секогаш го прашувам Погба за Јунајтед. Сметам дека Манчестер е голем клуб со многу добра инфраструктура. Го прашувам Пол и за играчите, дали се толку добри и дали Мурињо е навистна толку одличен. Има многу шпекулации, ама истото важи како за Јунајтед така и за ПСЖ. Ќе биде фантастично да играм заедно со Погба еден ден“, истакна Гризман и додаде:
„Идниот трансфер зависи од тоа како се чувствувам, сега сум татко и во овие моменти не би било добро да се преселам во друг град. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, сега сум среќен во Атлетико и се уште сакам да освојувам трофеи со тој клуб“.