Францускиот напаѓач Антоан Гризман ова лето направи трансфер од Атлетико Мадрид во Барселона.
Барселона за ангажман на Гризман ја плати неговата откупна клазула која изнесуваше 120 милиони евра и така го доведе најзвучното засилување во досегашниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците се убедени дека Гризман ќе биде полн погодок и ќе ја оправда големата сума која Барселона ја вложи.
Големи очекувања од својата нова авантура има и самиот Гризман која најави дека подготвува нешто специјално за првиот гол кој ќе го постигне на „Ноу Камп“.
„Подготвувам посебна прослава на „Камп Ноу“ се надевам дека се ќе испадне како што планирам“, изјави Гризман, но не сакаше да открие повеќе детали.