Дома Топ вести „Гризман 2021“ – играчот кој го очекуваа фановите

„Гризман 2021“ – играчот кој го очекуваа фановите

После долго време неубедливи партии во дресот на Барселона, Антоан Гризман конечно наликува на фудбалерот од периодот во Атлетико Мадрид, анализира „Марка“.

Од почетокот на календарската година Французинот не престанува да блеска и ги игра најдобрите натпревари во дресот на Барселона.

Гризман учествуваше во четири од петте гола против Гранада (3:5) синоќа и негова заслуга беше израмнувањето од 2:0 на 2:2 при крајот на мечот.

Во 2021 година Гризман има вече 7 гола и 6 асистенции, што е подобра статистика дури и од Лионел Меси, кој за истото време постигна 6 гола и запиша 2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спалети: Јувентус научи многу по поразот од Сасуоло

Лучијано Спалети е задоволен од напредокот на Јувентус по поразот од Сасуоло, и очекува до…