Дома Актуелно „Граѓаните“ чекор поблиску до ЛШ, славеа над Лестер!

„Граѓаните“ чекор поблиску до ЛШ, славеа над Лестер!

Екипата на Манчестер Сити славеше во Премиер лигата над актуелниот шампион Лестер со 2:1.

Граѓаните беа подобри во текот на целиот и заслужено стигнаа до важни три бода. Натпреварот го отвори Давид Силва после асистенцијата од Сане во 29 минута од средбата. Само седум минути подоцна Габриел Хесус со удар од белата точка зголеми на 2:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кон крајот на првиот дел Шинџи Оказаки со фантастичен волеј удар успеа да намали на 2:1.

Во вториот дел работите многу не се сменија, Сити знаеше како да ја задржи предноста. Сепак гостите пропуштија голема шанса да стигна до бод со оглед на тоа што Ријад Марез не реализираше пенал во во 77 минута од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

„Не игравме само против 11 фудбалери, туку и против тројцата судии“

Фудбалерите на Баер сезонава 44-ти пат по ред одиграа без пораз. Тие ремизираа 1:1 во Лонд…