После 30 години Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие нова слика.
Фудбалската федерација на Македонија целосно ќе ги реконструира двете трибини (јужна и источна), а покрај тоа со кронва конструкција ќе биде покриена и јужната трибина. Набавени се и 2000 нови столчиња за стадионот на ФК Тиквеш.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
– За кратко време го поминавме патот од идеја до реализација. Сите знаеме колку стадионот и ФК Тиквеш значи за градот Кавадарци. Исклучитено сме задоволни од досегашниот тек на активностите, напредокот веќе е видлив, а следната пролет ќе ја видиме целосната слика од Градскиот стадион. ФФМ обезбеди средства за изградба и реконструкција на трибините на стадионот, а заедно со општината ќе продолжиме да создаваме услови за подобрување на фудбалската инфраструктура. Благодарност до градоначалникот Јанчев и неговата администрација за обезбедувањето на сета потребна документација и можноста да започнеме со реализација на проектот во најкраток рок, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини
Видео: ФФМ