Утре Англија ја очекува четвртфиналето на Светското првенство против репрезентацијата на Франција, а претходно селекторот Герет Саутгејт потврди дека во тимот се враќа Рахим Стерлинг.
Пред натпреварот против Сенегал Стерлинг се врати во Англија откако имало грабеж во неговиот дом, додека неговото семејство било таму. Стресот кај целото семејство и Стерлинг бил голем, па фудбалерот одлучи да се врати и да се осигура дека најблиските му се на безбедно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можеби за очекувања е инцидентот да остави трага кај Стерлинг, но Калвин Филипс потврди дека и кај останатите имало влијание.
„Кога ќе се случи вакво нешто на еден фудбалер кај останатите се појавува страв дека и тие можат да се најдат во идентична ситуација. Навистина не е пријатно таквото чувство кога семејството ви е толку далеку. Рахим сега е добро и е одлучен повторно да се врати во националниот тим, ние сме среќени што неговото семејство е добро“, изјави Филипс.
Стерлинг освен што го пропушти натпреварот со Сенегал пропушти и неколку тренинзи, па не се очекува да биде стартер на утрешната средба.