Дома Топ вести Го сака половина Европа, но ѕвездата на Реал го избра Челзи!

Го сака половина Европа, но ѕвездата на Реал го избра Челзи!

Хамес Родригез ова лето сигурно ќе го напушти Реал Мадрид, а на маса има понуди од неколку европски гиганти.

Сепак, медиумите пренесуваат дека Колумбиецот го избрал Челзи и наскоро ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Весникот „АС“ кој е добро информиран за случувањата во Реал Мадрид, тврди дека до Хамес пристигнале шест понуди, но Челзи е во пол позиција за неговиот потпис.

Истиот извор наведува дека „сините“ веќе започнале преговори со Реал Мадрид и дека наскоро се очекува двете страни да постигнат договор за трансфер вреден 70 милиони евра.

Реал Мадрид со продажбата на Мората и Хамес ќе заработи повеќе од 140 милиони евра и се очекува истите да ги инвестира во Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…