Дома Македонски спорт Го освои грчкиот куп, па ќе ја води Македонија: Јошко Миленкоски по 15 години повторно селектор на одбојкарите!

Го освои грчкиот куп, па ќе ја води Македонија: Јошко Миленкоски по 15 години повторно селектор на одбојкарите!

Најдобриот одбојкарски тренер, Јошко Миленкоски по 15 години се враќа на кормилото на на македонската репрезентација.

Оваа информација во гостувањето на „ТВ 24“ ја потврди претседателот на федерацијата, Петар Јовановски. Миленкоски 11 години беше селектор на Македонија од 1997 до 2008 година и во Македонија се враќа од Грција каде што го водеше ПАОК и неодамна стигна до трофејот во Купот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Миленкоски се враќа токму пред Европското првенство на кое Македонија е ко-организатор заедно со Италија, Бугариај и Израел.

„Можам да потврдам дека имаме нов селектор, го одбраме најдоброт и тоа е македонски производ. Нов селектор на одбојкарската репрезентација ќе биде Јошко Миленкоски. Мислам дека сите заедно созревавме, најдовме одлично решение и спремни го очекуваме Европското првенство“, изјави Јовановски.

Во минатото Миленкоски беше тренер на Борец, Работнички, Будванска Ривера, Сфаксиен, Малија Мили Пијанго, Зиран Банка Анакара, Фионикас и Сирос. Еден период беше и селектор на Турција

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…